Владата утре на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб и ќе се изјасниме точно по нив. Генерално Владата ги подржува заради институциите, заради важноста на здравствената Комисија, заради нивниот експертизам кои го имаат и големата доверба што ја имаме. Владата штом се изјасни веднаш ќе ги соопшти предлозите, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
Тој предлага и претставници на опозицијата, како што е доктор Вело Марковски, да дадат предлози, а Владата ќе ги разгледа.
Оваа Комисија не е ниту од СДСМ, ниту од ДУИ, ниту од не знам која друга политичка партија, туку тоа е државна здравствена комисија на која и веруваме, ја охрабруваме да носи предлози, сугестии до Главниот штаб и до Владата. Утре штом Владата ќе се изјасни за овие прашања ќе излеземе јавно со министерот за здравство и неговиот тим од Министерството за здравство, јас и ако треба и други луѓе да ги соопштиме мерките, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.
Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот и да нема групирања дома и на отворено.
Доаѓа време на празници, прво католички Божик, Нова Година, православен Божик и другите празници од крајот на годинава и во јануари и е многу логично да сериозно разгледуваме вакви аспети, нагласи Заев и додаде дека му е драго што Комисијата за заразни болести навремено ги дава ваквите предлози и штом ќе ги утврдат веднаш ќе ги соопштат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.