Му дојде редот и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ги повикува медиумите на пунктот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ (поранешна касарна – Бедиње) во Куманово каде ќе ја прими вакцината против ковид 19.
Претходно се вакцинираа повеќе носители на јавни функции меѓу кои премиерот Зоран Заев, Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, министерот за здравство Венко Филипче…
Денеска Филипче објави дека сите граѓани над 40 години кои се пријавиле на vakcinacija.mk, добиле термин за вакцинација, но граѓаните во коментарите под веста негираат. Се пријавија мнгумина над 40 години кои се пријавиле уште на почетокот кога беше активиран сајтот, но термин не добиле.
Негодуваат и родителите на деца со пречки во развој. Иако Народниот правобранител побара тие да влезат во приоритетни, сѐ уште чекаат ред за вакцина.
-Јас сум родител на дете кое доцни со развој, со терапија за епи напади. И покрај ризикот под кој е изложено нашето дете, термин за вакцинација немаме добиено ниту јас ниту сопругот. Се обидовме на секој можен начин да дојдеме на ред, но залудно. Но затоа ги гледаме министрите, пратениците како примаат вакцини – вели мајка на 5-годишно дете кое доцни со развој.
Исти проблем имаат и многумина граѓани со дијагноза кои влегуваат во критични.
-Боледувам од мултиплекс склероза. Се обидувам преку мојот доктор да добијам термин поради ризикот кој постои, но се чини државата нема слух. Затворена сум дома, работам од дома повеќе од една година, подалеку од дворот немам отидено. Дома сопругот седи со маска, мора да излегува, да оди на работи, да набавува наминици. Не ми е јасно како може сите да се приоритетни само ние не – се жали 39-годишна жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.