Од утре почнува да тече рокот за собирање на потписи за независните кандидатски листи. Во зависност од бројот на жители во општината каде што се кандидираат тие ќе треба да соберат од 100 потписи во најмалите општини со 10.000 жители па до 1.000 во Градот Скопје.

Во општина Центар веќе се промовира првата листа. „Шанса за Центар“ ќе се обиде да добие свои претставници во централната скопска општина.

Сите независни кандидати ќе имаат можност да собираат потписи до 30 август.

Со стартот на оваа процедура и официјално почнуваат суштинските изборни активности.

Сите кандидатски листи во ДИК мора да стигнат најдоцна до 11 септември на полноќ. Кампањата официјално ќе почне да 27 септември и ќе трае до 15 октомври, два дена пред гласањето во првиот круг.

Со стартот на идниот викенд, на 21 август почнува и јавниот увид во избирачкиот список иако граѓаните и сега преку веб сајтот на ДИК можат да проверат каде е нивното гласачко место со внесување на матичниот број.

На овие избори новина ќе биде идентификацијата со отисок од прст за што МВР веќе ја префрли својата база на податоци во ДИК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.