Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши утре попладне повторно ќе се состанат, потврдуваат од СДСМ за Канал 5.
Од СДСМ не кријат дека се подготвени да отстапат министерски места за Алтернатива, но немаат конкретен одговор кои ресори би ги отстапил СДСМ. Поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите, вели Стефан Васев од СДСМ за Канал 5.
Кон што конкретно цели Алтернатива останува непознато, иако во јавноста се шпекулира дека апетитите се движат на ниво на едно до две министерски и повеќе директорски места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.