Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека од утре целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ.
Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.
Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.