Претседателот над државата, Стево Пендаровски, на својот профил на Твитер најави дека за утре е закажана средба со лидерите на политичките партии, на која ќе присуствуваат и Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

На средбата се очекува да се донесе одлука за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април.

Денеска, лидерите на поголемите политички партии веќе изразија подготвеност за одложување на изборите поради коронавирусот.

Изборите на 12 април беа договорени на средба кај Пендаровски, во октомври минатата година, по француското „не“ за датум за преговори на земјава со ЕУ. На средбата учествуваа лидерите на сите партии во псарламентот кои настапувале самостојно на изборите во 2016 година. Десеттите парламентарни избори, петти по ред вонредени во земјава, беа распишани вечерта на 16 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.