Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во земјава – се вели во соопштенито од ДЗС.
Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.
Пописот треба да се одржи од 5 до 30 септември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.