Нови 52 лица болни и изнемоштени се пријавиле за гласање во вториот круг чии барања ги прифатила Општинската изборна комисија во Битола. Вкупната бројка на болните и изнемоштените кои ќе гласаат во сабота во Општина Битола ќе изнесува 161 лице. За гласање во вториот круг во домашни услови пријавени се 19 лица со Ковид 19, додека во првиот круг се пријавиле 10 лица, а гласале 9. Утре ќе гласаат и затворениците, лицата во куќен притвор и штитениците во старските домови.

„Во сабота на 30 октомври во Битола ќе гласаат 161 лице болни и изнемоштени, 19 лица заболени од ковид 19, во затворот ќе гласаат 56 затвореници и во домот за стари лица 61 лице. Ќе гласаат и три лица кои што се во куќен притвор. Ова е вкупна бројка, во првиот круг беа 109 лица болни и изнемоштени, сега за вториот круг се пријавија уште 52 лица повеќе за разлика од првиот круг. Начинот на гласање ќе се врши исто како во првиот круг со ув-ламба и ув-спреј“, рече Игор Талевски, претседател на ОИК Битола.

Вкупниот број на гласачи во Општина Битола изнесува 80882, а резултатите на сите оние кои ќе гласаат ден претходно ќе бидат објавени заедно со резултатите од денот на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.