Државната изборна комисија утре најверојатно треба да ја закаже седницата за да ги објави конечните и официјални резултати од предвремените избори. Со ова се затвора изборниот процес, и течат процесите за конституирање на новото Собрание чиј последен рок е 4 август

„Утре планираме да ја одржиме седницата на која ќе ги објавиме конечните и официјалните резултати, а потоа ќе бидат повикани и новоизбраните пратеници за да им ги врачиме пратеничките мандати“, велат од Државната изборна комисија.

Со тоа почнуваат да течат роковите за конституирање на Собранието и за доделување на мандат од страна на претседателот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.