Рејтингот на партиите СДСМ (23%) и ВМРО-ДПМНЕ (25%) добиен со анкета спроведена неодамна, на која ВМРО-ДПМНЕ е во предност од 2 процентни поени пред СДСМ не е резултат само на расположението во тие денови кога била правена анкетаата, туку на мислење градено во изминаите години, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Погрешно е ако се изолира на една недела, еден месец. Изминатиов период имам видено стотици анкети, зашто лично сметам дека врз основа на нумериката треба да се темели политиката. Така што многу ми е ајсно зошто е такво јавното мислење, но треба да се има предвид и амбиентот во кој граѓаните живеат имајќи го предвид примитивниот карактер на политичарите кои се властодршци во моментов. Нормално е дека кога имате мерење на јавното мислење кое се врши телефонски, па и теренски голем дел од испитаниците да се плашат да го кажат вистинското мислење. Мислам дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е уште поголема. Мислам дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 70.000-100.000 гласови во моментов, рече Мицкоски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.