Барам Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарскиот медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива-оставка од Заев! Оставка веднаш! Оставка на Заев, слобода на народот! – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест на кој граѓаните го искажаа револтот од искажаните ставови од страна на премиерот Зоран Заев на бугарската БГНЕС.

Посочувајќи дека во народот е силата, Мицкоски ги повикува сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата да се организираат блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

-И нема назад. Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое не снајде, сите заедно и старо и младо, браќа и сестри. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме! Да е вечна, вековита, и да живее нашата Македонија! – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.