Утре ќе се знае дали и понатаму ќе има полициски час, а угостителските објекти да останат затворени. На утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разгледува епидемиолошката состојба со коронавирусот, по што лекарите треба да дадат препорака до владниниот Кризен штаб дали има можност за олабавување на рестрикциите.
Според информации на „Сител“ не е исклучена можноста ваквата одлука да биде продолжена за уште една недела до 27 април, но крајниот збор ќе го има Владата.
Здравствените власти во текот на неделата во неколку наврати истакнаа дека се стабилизира бројот на новозаразени со Ковид и попушта притисокот врз болниците, но ситуацијата и понатаму е сериозна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.