Големо е незадоволството кај народот од новите мерки поврзани со корона кризата. Ова посебно се однесува за делот каде што се наведува дека полицијата ќе влегува по домовите и ќе ги брои луѓето во домот дали имате повеќе од четворица гости.

Но, со тоа ќе го прекршат членот 26 од Уставот каде се наведува дека неповредливоста на домот и на приватноста не смее да биде нарушена.

Правото на неповредливост на домот може да биде ограниченоединствено со судска одлука кога е во прашање откривање илиспречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето-стои во Уставот.

Преведено, доколку соседите ве пријават, полицијата смее да ви тропне на врата и да ве опомене, но не и да влезе и да ве казни доколку нема судски налог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.