Судот мора со жалење да констатира дека во голем број дел од денешните објави на медиумите, беа изнесени неосновани и непримерени квалификации за органот и уставните судии, се вели во соопштението на Уставниот суд во врска со денешните објави од повеќе медиуми по однос на последното дополнување на Деловникот на Уставниот суд.
Притоа, како што е наведено во соопштението, најголем дел од вестите беа објавени без претходно да се побара било какво објаснување, туку истото беше побарано откако медиумите ја објавија веста.
Од Судот велат дека наскоро ќе објават посебно соопштение со кое ќе ја образложат оваа деловничка интервенција.
Некои медиуми објавија дека уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место Парламентот да им ги изгласа со закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.