Во четврток Уставниот суд ќе расправа за тоа дали полицискиот час, односно забраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од корона вирусот, е во согласност со Уставот или не, пренесува „Фокус“

До судот е поднесена оваа иницијатива која е ставена на дневниот ред за 14 мај.

–Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија.

Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, од 6 април 2020 година донесена од Владата на Република Македонија, стои во дневниот ред на Уставниот суд.

На денешната седница пак Уставните судии одлучија да не поведуваат постапка за оценување на уставноста на одлуката на претседателот Стево Пендаровски по втор пат да прогласи вонредна состојба, која се уште трае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.