Уставниот суд на денешната седница ја повлече точката за нацрт-расправата за Законот за помилување. Ова барање дојде на предлог на уставниот судија Осман Кадриу, со што се сложија мнозинството уставни судии.
Тој сметаше дека е подобро оваа точка да се повлече, бидејќи се информирани дека во Собранието ќе има расправа за автентично толкување на член 11 од овој закон.
Законот за помилување се однесува на аболициите кои беа дадени од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.
Како шеста точка на седницата, Уставниот суд денеска се очекува да расправа за Законот за амнестии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.