Уставниот суд ги прифати иницијативите за оспорување на Законот за јавно обвинителство кој Собранието го донесе во февруари годинава. Прифатени се три иницијативи и тоа од поранешниот министер за правда Михајло Маневски, Светскиот македонски конгрес и од адвокатот Томе Тодоровски.
Тодоровски за „Република“ објаснува дека го спори фактот што овој закон не беше донесен со потребниот број на гласови а тоа е 81 туку имаше 74.
Подоцна Џафери го поништи тоа гласање и свика ново на кое доби 80 гласови.
Но, Тодоровски смета дека тоа е противуставно бидејќи не може за еден закон да има повторено гласање на веќе изгласан закон. Затоа тој го спори Указот на законот што беше потпишан подоцна од страна на претседателот Пендаровски.
Нема одредба со која се поништува еден закон и тој пак се гласа. Го спорам Указот бидејќи е донесен надвор од Уставот-вели Тодоровски.
Подгтовителната расправа ќе се одржи на 18 мај каде ќе бидат повикани подносителите и експерти по што судот дополнително ќе закаже главна јавна расправа на која ќе одлучи дали ќе го поништи законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.