В среда по седницата на Уставниот суд, ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземе став дали да ја прифатиме иницијативата и под службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави за претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за ТВ 24.

Мурати не сакаше да прејудицира каква ќе биде одлуката, вели дека дали ќе се поведе постапка, ќе зависи од мнозинството судии.

Ќе разговараме и анализираме и на крајот ќе гласаме, вели Мурати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.