Правилата за патување во Грција, односно за влез во земјата, што беа воведени минатата седмица се продолжени до 31 мај 2021 година, согласно новата министерска одлука што вчера стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина.
Според тие правила, за патување кај јужниот сосед задолжителен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или алтернативно, потврда за прележан Ковид-19, како и пополнет PLF формулар.
Од Македонија за влез во Грција е отворен само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.