Централниот одбор на СДСМ веќе три часа заседава во седиштето на партијата, а членовите на највисокиот партиски орган, како што потврдуваат оттаму дискутираат за оставката на лидерот Зоран Заев и за евентуалниот негов наследник. Од СДСМ за МИА потврдуваат дека Заев не се откажува од најавената оставка и оти на седницата зборувал за квалитетите на неговиот наследник.

Дел од медиумите вечерва објавија дека премиерот и лидер на СДСМ вечерва на седницата за свој наследник директно го предложил заменик министерот за економија Димитар Ковачевски.

Претходно СДСМ одржа и седница на Извршниот одбор од која, според информациите, произлегол предлогот внатрепартиските избори да се одржат на 12 декември.

Дискусијата на ЦО, велат за МИА извори од владејачката партија, е во тек. По седницата се очекува изјава или прес-конференција на која би се соопштиле детали од неа или евентуалните следни чекори.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран заев најави оставка на двете функции на 31 октомври по поразот на партијата на локалните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.