Уште тројца се новозаболени од коронавирус во Македонија. Со тоа бројката на заразени со КОВИД-19 се искачи на 70, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Скопјанка која била на гости во Србија, потоа бабата на заболеното девојче во Штип и уште еден скопјанец се новозаболените пациенти.
Досега градови во кои има заболени се: Скопје, Гостивар, Дебар, Штип и Охрид.
Министерот Филипче информираше дека здравствената состојба на единствената пациентка која е на машина за дишење од ноќеска значително се влошила.
Инаку, досега се направени вкупно 888 тестови и има уште 1.400 дополнителни и во најава е достава на уште 1.000 нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.