Сè уште е во тек средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците во Скопје. На средбата, која започна пред два часа, се разговара за најжешките прашања, прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои се блокирани во собранието.
Од ВМРО-ДПМНЕ за „Република“ велат дека на лидерската средба настапуваат со искрени намери и желба да се изнајдат решенија за граѓаните.
Состојбата во државата е загрижувачка. Освен економската и здравствената криза, земјава се наоѓа и во политичка криза. Секојдневието во Македонија е триесетина мртви и над 1.300 новозаразени. Први по смртност, последни по вакцини во Европа и светот. Први по степен на корупција, последни по реформи. Очигледно е дека оваа Влада нема капцитет да ја води земјава, државата се наоѓа во деликатна и сложена состојба. Секој поминат ден е слободен пад и уште еден нов пораз. Граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и преземање на крупни чекори, велат од партијата за „Република“.
Премиерот Заев, пак, пред почетокот на лидерската средба за „Телма“ изјави дека можен е договор на лидерската за одложување на пописот,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.