Роднините на патниците од автобусот кој се запалил на автопатот Струма се уште немаат информации дали меѓу загинатите или повредените има нивни роднини.
Исмаил Селјами е пред болницата во Пирогов и чека официјални информации од болницата, објавува бугарскиот медиум Bgonair.bg.
Сè уште никој не ми кажа дали моите роднини се во болница или починаа во автобусот. Не снајде голема трагедија. Сакаме бугарските власти да не известат што се случува, кој преживеа, повика Селјами.
Во медицинската установа се сместени 7 лица, пет мажи и две жени. Некои од нив се семејство со 16-годишно девојче. Шест од повредените се со изгореници, а еден е сместен на Клиниката за трауматологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.