Пустински ветер е причина за загадениот возух во целата земја, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање пред десетина дена, правдајќи ги високите концентрации на ПМ10 честичките измерени низ целата земја.

Но, и бројките и утрово покажуваат висока загаденост, посебно во Велес и во Битола, а загадено е дури и во Лазарополе.

Чудно како ниедна земја членка на ЕУ која е поблиску до Африка не се пожали дека загаденоста им доаѓа од пустинската прашина, коментираше Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Од О2 Иницијатива појаснија дека иако прашината од Сахара е дел од објаснувањето зошто имаме вака високи вредности, сепак, вината треба да се бара и во локалните загадувачи и дека „чадојната во воздухот е наша“.

Ние испративме претставки до општина Карпош, Аеродром, Гази Баба и инспекторат на град Скопје и барања за инспекциски надзор, 24ч патролирање на терен и конечно оградување на Вардариште и воведување на редарска служба 24ч. Претставка е испратена и до општина Охрид и нејзината инспекциска служба, зошто и таму воздухот е зачаден, особено во вечерните/ноќните и утрински часови.
Затоа, апел до надлежните, немојте да излезете со објаснување дека ваквиов воздух се должи на донесената прашина од Сахара, односно не е до нас. Да си објасните локалното загадување, чадојте и што преземате да спречите и понатаму да не дишеме токсични чадој во лето, соопштија пред неколку дена од Граѓанската иницијатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.