Престанете да им наоѓате оправдувања, Филипче и Караџовски треба со стапови да се избркаат, а не уште да ја управуваат кризата, вели актерот Сашо Тасевски, по последните сведоштва на пацинетите и нивните семејства дека кревети веќе нема, а болните над 70 години се враќаат дома.

Знаете, сè може да се оправда. Ама да ти речат нема кревет за мајка ти, примаме само помлади тешко болни од ковид, нема место, тогаш…
Само сети се дека цело лето Филипче и Караџовски убедуваа дека го имаат ковидот под контрола и дека избори може да се одржат.
Со прст не мрднаа да го ублажат ова што се случува сега.
Јапонци и Кинези да викнеа, преку летото ќе изградеа десет болници само за ковид. И сега ќе имаше кревети за сите.
Чиј пропуст е ова бе?
Има оправдание за ова? Народот е крив?
Уште ќе прдите дека владата и Филипче прават се…. Бла бла бла…
ЗУР МОЈ ПРАВАТ!
Ништо не прават и ништо не направија.
Броевите не лажат.
Математиката е егзактна наука.
Престанете да им наоѓате оправдувања.
Треба со стапови да се избркаат, а не уште да ја управуваат кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.