Иако не се километарски, како утрово, сè уште има колона и чекање на граничниот премин „Табановце“, регистрираат надзорните камери на Јавното претпријатие за државни патишта. Најголем број од нив, во Србија се упатуваат по бесплатна вакцина, прва доза од достапните вакцини, како „фајзер“ или „синофарм“ или втора доза од веќе примените „астра зенека“ во март.

Странските државјани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината „астра зенека“  ќе се ревакцинираат На Белградскиот саем за викендот. Српските здравствени власти најавија дека се подготвени за вакцинација на илјадници странски државјани, најмногу од БиХ и  Македонија, кои кон крајот на март се вакцинираа на Саемот во Белград.

Добро сме подготвени за овој викенд. Очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа во сабота и 5.000 во недела, и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјавил за ТВ К1, директорот на вакциналниот пункт Зоран Бекиќ.

Тој додаде дека салите 3 и салата 11 ќе бидат отворени за викендот, а работното време на контролните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.