Пратеникот Зоран Коцевски пренесува уште една вистинита приказна од Кочанската болница. Тој вели дека по вчерашната објава дека директорот на болницата по изборите им се одмаздува на вмровци и на оние кои не однеле 20 гласачи веќе добива закани од „господа и госпоѓи“, но тоа нема да го поколеба во намерата ја да ја направи гласна маката на здравствените работници од овој здравствен дом.

Не поминаа ни 24 часа од мојот пост за работата на Општа болница Кочани, веќе ја добив и првата закана. Ама ако, јас ги охрабрувам уште повеќе, што побрзо да ја реализираат заканата. Само ќе кажам, да не испадне после дека не знаеле, имам се, многу повеќе од што можат да си замислат!
Ајде побргу да ја истераме вистината на виделина, уште утре поднесете кривична, ви стојам на располагање.
Уште нешто, сте го згрешиле човекот на кого му се заканувате господа и госпоЃи!!!
До заканувачите, еве Ви само една исповед на вработен/а, во Општа болница Кочани:
Здраво, Зоки, видов за болницата написот од тебе. Јас работам со ковид пациенти. Немаме уште парно. Не е пуштено ни еден ден. Смрзнуваме на ладно и на отворени врати и џамови сме да не се инфицираме. Јас сум со ?? години стаж. И плата ????? ден.не патни нема храна. Имам за, стаж ???ден плус. ?????. Старите сестри видовме сѐ и сешто. Ама ова сега е тотално деградирање. Дајте затворете ги овие. ајдучишта. Срамота е да здравствено лице во пандемија нема никаков бонус за зараза. Имало некакви пари од не знаеме ни од дека. Некој покомпетентен знае. И тие пари се, даваат по хиерархија. На нас трошки…..Здравје да е, само…. Ама голо здравје е чиста болест.
п.с НеСеЗаканувајтеНеВиПоминуваСтеГоЗгрешилеЧовекот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.