Уште една слуга на Заев, си потпишува договори во четири очи. Вака активистот Ивор Мицковски ја коментира веста министерот за транспорт Благој Бочварски уверува дека со ексклузивните преговори со само една фирма за крупни инфраструктурни проекти, ќе се заштити интересот на државата.

Меморандумот за разбирање што Владата го потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10, не е јавно достапен, а од Центарот за граѓански комуникации предупредуваат дека ова носи сериозни корупциски ризици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.