На ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус.

Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за ковид-19.

Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од ковид-19, истата и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката беше без симптоми за ковид-19. По денешниот позитивен резултат на родилката, земен e брис и од бебето. И мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани и се во својот дом – велат од ГАК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.