Повторно лажни вести од кујната на СДСМ. Медиумите блиски до владејачката партија објавија дека наводно било прекинато интервјуто на новинарот Горазд Чомовски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според нивните тврдења Мицкоски побарал извинување од новинарот по што разговорот бил прекинат.
Но, Горазд Чомовски ги демантираше лажните вести. На својот фејсбук профил напиша:
Категорично демантирам дека интервјуто со претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски било прекинато.
Во отворената емисија на ТВ24 која ја водеше колегата Мишко Иванов беше емитуван само дел од разговорот со лидерот на најголемата опозициска партија со најава дека целото интервју гледачите ќе имаат можност да го гледаат во рамки на емисијата Трилинг во недела во 19. 00ч
Се надевам дека медиумите кои објавија дека интервјуто со г-дин Мицкоски било прекинато ќе направат корекција на објавената вест.
Ова не е првпат медиумите блиски до власта да шират лажни вести, но министрите никогаш не ги посочуваат како медиуми кои шират лажни вести. За нив лажна вест е само онаа која нив не им се допаѓа, без разлика дали се работи за болна вистина или лага. За нив е лага се што не оди во нивни прилог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.