Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Основниот суд сведочи во случајот на неговата тужба за клевета против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пред судот призна дека не поседува записник дека го пријавил случајот „Рекет“ кај обвинителката Вилма Русковска, како што тврди.
Од страна на Николоски беше прашан дали поседува записник дека го пријавил случајот „Рекет“ кај Обвинителството. Заев рече дека претходно го споделил и терминот кога бил кај Рускоска и државниот обвинител Љубомир Јовески и оти тоа го направил после средбата со бизнисменот Орце Камчев.
Не поседувам записник ниту службена белешка, ако имав нема зошто да не го објавам. Не лажам, рече Заев.
Заев го тужи Николоски за изјавата дека тој се наоѓа на врвот на криминалната пирамида во случајот „Рекет“. Николоски се застапува самиот, без адвокат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.