И покрај тоа што Владата најави во Србија денеска нема да може да се влезе без негативен ПЦР тест, јави Сител.

Од Владата велат дека мерката ќе стапи во сила деновиве откако ќе се завршат сите административни процедури, иако првично беше најавено дека од денеска границата слободно ќе може да се поминува без негативен корона тест.

Ваквата одлука ја донесоа премиерот Зоран Заев заедно со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓутоа иако по состанокот македонската Влада соопшти дека мерката во сила ќе стапи денеска Вучиќ во саботата изјави дека сепак македонските граѓани во Србија ќе можат да влезат без негативен ПЦР тест дури на 10ти ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.