Диркторот на струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани доби уште една кривична пријава за наводна лекарска грешка, објави „Слободен печат“.

Прва е онаа од родилка од Дебар, која се породила во струшката болница но од операцијата излегла без јајник, матка и бубрег. Откако овој случај го доби вниманието на јавноста, се јавуваат и други граѓани кои што исто така кривично го гонат гинекологот Асани, за наводна лекарска грешка.

Овојпат станува збор за двегодишно дете, кое е родено со предизвикана асфиксија, односно церебрална парализа, а семејството го обвинува директорот на струшката болница и гинеколог што го извршил породувањето доктор Мухамед Асани за лекарска грешка.

Таткото Бајрам Несимоски од Дебар најмил адвокат кој кривично ќе ја гони болницата и раководителот. Се почнало на 26 декември 2018 година кога на сопругата на Бајрам, Сенида, и дошло времето да се породи. Дотогаш бременоста ја следел матичен гинеколог во Дебар, кој ниту еднаш не констатирал проблеми, туку утврдувал дека бременоста е регуларна.

Но, еден ден им кажал на мајката и на таткото, дека околу вратот на бебето има обмотана папочна врвка и дека пораѓањето ќе ги упати да го извршат во болницата во Струга.

Таткото на бебето, Бајрам Несимоски за „Слободен печат“ изјави дека знае дека ништо нема да го врати здравјето на неговото бебе, кое не се однесува како другите деца на двегодишна возраст, а причината за тоа според него, е несоодветно породување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.