На повидок нов раскол помеѓу општинската организација на СДСМ Охрид и централата на СДСM на Бихачќа во Скопје, пренесува „Охрид скај“, според чии информации претседателот на општинската организација на СДСМ Охрид Наумче Јованоски – Чакар без согласност на партиските органи, составил своја советничка листа според негов модел. Според порталот, на листата Чакар поставил негови блиски роднини и пријатели, притоа воопшто не рачунајки на коалициските партенри, кои за него биле најголемо зло и воопшто немале политичка моќ кај населението.

Јованоски имињата за советничка листа воопшто не ги соопштил пред органите на ОО СДСМ Охрид , со образложение дека тоа била негова лична работа и листата со предлози ја испратил во централата на СДСМ во Скопје каде не била одобрена.

Од централата на СДСМ најдоцна до вторник треба да пристигне до ОО СДСМ Охрид одлуката колку советнички места ќе припаднат на коалиционите партнери. На ваквата одлука од централата на СДСМ бесно реагирал самиот Јованоски, кој според „Охрид скај“ испратил ултиматум до претседателот на партијата Зоран Заев, дека доколку не ја прифати неговата листа ќе се повлечел од шеф на изборниот штаб и ќе ја пасифизирал и претседателската функција во ОО СДСМ до завршување на изборите, од причина што тој не би сакал да сноси вина за евентуален пораз на локланите избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.