Уште еден медицински работник е заболен од Ковид-19 во Тиквешко.

Како што потврдува за МИА, доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, во изминатите 24 часа се потврдени 22 нови позитивни случаи на заразени со корона вирусот.

Десет од новозаболените се во Кавадарци, 11 во Неготино и еден во Росоман. Тие се на возраст од 16 до 65 години. Еден 65 годишник е хоспитализиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.