Изминуваат последните помалку од 24 часа од 85 – часовниот полициски час во земјата воведен поради спречување на ширењето на коронавирусот. Ова е најдолгиот полициски час од воведувањето на вонредната состојба.
Но и седењето дома не беше доволно да се намали бројот на заразени и починати.
Министерството за здравство вчера соопшти дека од Ковид-19 починале уште две лица, новодијагностицирани се 37 со што вкупната бројка достигна 1207. Оздравени се уште 15 пациенти, шестмина биле на болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.
– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, соопшти МЗ.
Потврдените 37 нови случаи на Ковид-19 се од Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8 и Кочани 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.