Кинеските вакцини кои ги најави премиерот Зоран Заев за 16-ти февруари, сепак, нема да стигнат, бидејќи се уште не се подготвени во Кина, јави телевизијата „Телма“.

Според информациите на Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но, планот и авионскиот вакцина мост е откажан. Министерот Филипче телефонски за „Телма“ изјавил дека станува збор за шпекулација за овој договор за авионски превоз на вакцини.

Навистина, поради нивниот празник, работата оди поспоро, но, сепак, активностите се одвиваат непречено, изјави за „Телма“ Филипче.

Прославите за Кинеската нова година почнаа од вчера, а во Кина државен празник е до наредниот петок иако прославите ќе продолжат до крајот на февруари. Единствениот договор кој Македонија го има сигурен во џебот, е договорот за вакцини со кинески Синофарм. Пратката треба да дојде одеднаш.

Министерот Венко Филипше вели дека се прават напори и за реализација на договорот за донацијана Фајзер вакцини од Србија, додека во март се очекува профункционирање на Ковакс механизмот.

Со Русија за нивната Спутник 5 вакцина не се разговарало и не е контактирано досега.

Македонските власти се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.