Во текот на оваа недела во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории во кои ќе се испитува присуство на ковид-19 во земените брисеви. Станува збор за лабораториите на МАНУ и на Институтот за судска медицина.

Со ова бројот на тестирања во текот на денот се зголемува од 50-100, ќе се елиминира долгото чекање на резултати кој се случува во одредени ситуации со оглед на големиот број на брисеви, најави министерот Венко Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања. Само во последното деноноќие бројката изнесува 330 теста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.