На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места.
Од СДСМ тврдат дека Заев е мандатар и дека во тек се разговори за парламентарно мнозинство, а Мицкоски пак вели дека го известил Ахмети дека токму ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок. За неизвесноста да биде поголема, досегашниот собраниски спикер Талат Џафери тврди дека рокот за мандат почнува да тече откако ќе се избере претседател на Собрание и сеуште не го испраќа дописот до претседателот на државата за конституиран Парламент, а пак шефот на државата Стево Пендаровски смирува дека рокот си тече и дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција рече дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го информирал дека ДУИ почнува преговори со СДСМ, бидејќи тоа е партијата што победила во македонскиот блок. Тој не се согласил со ставот на Ахмети оти СДСМ победила во македонскиот блок, истакнувајќи дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.