Уште да им се извинеше на комшиите што сме ги победиле во спортски натпревар?!, коментира на Фејсбук Богдан Илиевски, споделувајќи ја објавата на премиерот Зоран Заев кој ја честита победата на македонските фудбалери над Косово.

Фудбалот бил игра (ајде бе?), головите само бројка (абе шо зборвиш?) но добрососедството било вечно (пошто е нели, негово дело 🙂 ). Каква бре врска, побогу, има „добрососедството“ во фудбалски натпревар за пласман на Европско првенство? Уште да им се извинеше на комшиите што сме ги победиле во спортски натпревар?!
Како, како може на човек да му текнат вакви работи? Не ми е јасно, стварно не ми е јасно…
п.с. ЕУРО2020 е всушност ЕУРО2021 (нема да се игра во декември годинава), ама океј, со датумите за Европа ионака сме скарани, пишува Илиевски.

Фудбалот бил игра (ајде бе?), головите само бројка (абе шо зборвиш?) но добрососедството било вечно (пошто е нели,…

Posted by Богдан Илиевски on Thursday, 8 October 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.