Тројца скопјани (62, 68 и 88 години) и еден тетовец (73 години) починаа како резултат од компликации од ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Досега од коронавирус во Македонија битката со ковид-19 ја загубија 760 лица.
Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 34
-Куманово 3
-Штип 6
-Тетово 5
-Струга 3
-Велес 3
-Охрид 1
-Гевгелија 1
-Струмица 5
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 9
-Берово 1
-Валандово 5
-Виница 1
-Делчево 4
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од:
-Скопје 52
-Куманово 14
-Штип 7
-Прилеп 5
-Тетово 4
-Струга 2
-Велес 3
-Битола 3
-Охрид 1
-Кавадарци 6
-Гостивар 7
-Гевгелија 3
-Струмица 7
-Крива Паланка 3
-Радовиш 2
-Кочани 12
-Македонски Брод 1
-Виница 1
-Делчево 4
-Свети Николе 5
-Кичево 4
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.