Нови 734 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3246 тестирања. Во изминатото деноноќие починале 35 пациенти, меѓу кои и 28-годишен од Охрид, а оздравени се 621, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните, 313 се во Скопје, во Битола – 75, Куманово – 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница по десет, Кичево и Неготино по девет, Ресен – осум, Берово – четири, Радовиш, Делчево и Валандово имаат по три нови случаи, Свети Николе, Богданци и Дојран по два и по еден новозаразен во Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод.

Пријавени се вкупно 35 починати лица, од кои 12 се од Скопје ( 87г , 84г , 81г , 80г ,77г , 75г, 74г , 72г , 72г , 70г , 70г , 61г ), шест од Битола (88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г) , четворица од Охрид (78г, 75г, 73г и 28г), по двакца од Гевгелија (75г и 64г), Куманово (73г и 60г) , Демир Капија (83г и 63г) и од Кичево (78г и 68г) и по еден починат од Гостивар (77г) , Кочани (79г) , Виница (72г) , Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 621 оздравен пациент од: Скопје – 330, Кавадарци – 40, Велес – 37, Тетово – 29, Штип – 25, Неготино – 21, Гостивар – 19, Битола – 18, Гевгелија – по 14, Куманово и Кочани – по 13, Демир Капија – 10, Пробиштип и Кичево по девет , Свети Николе – осум, Берово – седум, Пехчево – шест, Ресен – четири, Богданци – тројца оздравени, Прилеп и Кратово по двајца и Виница и Демир Хисар по еден.

Епидемиолошка анализа на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 60 299, активни 10 584
Прилеп 7291, активни 1166
Куманово 7170, активни 1078
Тетово 6471, активни 666
Битола 4813, активни 1032
Велес 4712, активни 814
Гостивар 4672, активни 526
Кавадарци 4601, активни 728
Штип 4392, активни 491
Охрид 4282, активни 896
Струмица 3391, активни 430
Струга 2729, активни 275
Кочани 2335, активни 280
Кичево 2093, активни 226
Неготино 1988, активни 381
Гевгелија 1914, активни 409
Свети Николе 1306, активни 123
Крива Паланка 1100, активни 126
Ресен 1066, активни 203
Радовиш 943, активни 142
Берово 880, активни 127
Дебар 868, активни 64
Делчево 865, активни 107
Пробиштип 709, активни 91
Виница 651, активни 104
Валандово 544, активни 98
Крушево 439, активни 127
Богданци 425, активни 80
Демир Капија 369, активни 76
Кратово 337, активни 29
Демир Хисар 331, активни 43
Македонски Брод 313, активни 44
Пехчево 238, активни 31
Македонска Каменица 212, активни 18
Дојран 118, активни 15
Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 134 867 од направени 641 573 тестирања. Оздравени се 109 297, починати 3940 луѓе, а активни случаи има 21 630.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.