Уште 200 новинари од Македонија денеска се вакцинираа во Врање, откако во првата акција на имунизација 105 медиумски работници ја примија првата доза, јавуваат српските медиуми.

Вакцинирањето, како што јавува порталот Јужне вести, започнало утрината во Спортската сала во Врање.

Вакцинирањето на новинарите од  Македонија е порака на солидарност, важно е на сите во регионот да им биде добро, а нам во Здравстениот центар Врање ни е чест што ни е доверена вакцинацијата на нашите соседи, рече директорката на центарот, Лилјана Антиќ.

Досега, освен во Врање, македонските граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш и во Белград.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.