Претседателот на Собранието, Талат Џафери, покажа дека политичарите освен да разговараат за сериозни теми или политика, знаат да бидат опуштени и да се забавуваат.
Џафери, гостуваше во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ и со водителот ја играше играта со раце позната како „Бззз“.

Талат Џафери е роден во село Форини на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената Академија на Копнена Војска на ЈНА– Смер Пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената Акедмија Генерал Михајло Апостолски во Скопје. За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“. Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со упад во Собраниската зграда. Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.