Митот за правдата и чесноста што требаше да ја донесат обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е урнат откако во јавноста беше обелоденет случајот „Рекет“ во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец изнудувале пари од македонскиот бизнисмен Јордан Камчев во висина од 1,5 милион евра.

Пред четири дена италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео и аудио разговорите помеѓу Боки 13 и Јордан Камчев, а во разговорите се слуша и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во разговорите се спомнува и името на премиерот Зоран Заев. Јанева преку соопштение објавено на веб порталот на СЈО признава дека е нејзин гласот на објавените снимки.

Новинари, политичари, актери, пратеници, градоначалници и активисти во СДСМ се крајно разочарани од Јанева, СЈО и Заев. Се носеа маички со нивните ликови, се снимаше и краткометражен филм насловен „Трите“, а сега, својот револт го искажуваат на социјалните мрежи.

Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски вчера изјави дека аферата „Рекет“ отвора сомнеж дека сите случаи на СЈО отворени по 30 јуни 2017 година се започнати со цел да се злоупотреби СЈО.

Aферата „Рекет“ можеби докажува зошто Специјалното јавно обвинителство не го почитуваше начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО не е овластен тужител по истекот на мандатот од 18 месеци од формирањето на институцијата, вели Вангеловски.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.