Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, кој традиционално го поминуваат во Грција велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата.

Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил. Истиот бил паркиран пред хотелот, на само дваесет метри од влезот, но никој ниту слушнал, ниту пак видел нешто, пишува Фокус.

Утрината, кога станале, кавадарчаните затекнале ужасна слика. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми… Повикале полиција, бил направен записник, и за нив завршило велигденското празнување на неславен начин.

Претпоставуваат дека со метален предмет било извршено дивјачкото демолирање на нивниот автомобил. Пред тоа, со никого ниту се замериле, ниту пак имале некаков проблем.

Дел од екипта на Фокус пак, во тек на вчерашниот ден затекна неколку џипови во близина на бензинска станица пред Гевгелија, со целосно искршени стакла и ретровизори.

Се враќале од продолжениот викенд во Грција, но одбија да им се објави идентетот и не сакаа јавно да зборуваат за демолирањето на нивните џипови кое исто така се случило во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.