Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје.
Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина, се наведува во соопштението.
Унгарската Влада се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса, се додава во соопштението на унгарската амбасада во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.