На социјалните мрежи се шири и разгорува меѓуетничка нетолеранција, говор на омраза и повици за физички пресметки. Последно во низата навреди упатени на оваа мрежа се од Албанци и Роми како повикуваат на етничка и верска омраза, и се закануваат со војна.
Песна која е полна со омраза и нетолеранција кон Македонците која на каналот на јутјуб е објавена пред една година, деновиве е актуелна откако младите корисници на мрежата ТикТок се снимаат како ја интерпетираат.
Песната носи наслов „Тргни се од Кале“, а е во изведба на извесни „Ласт Кингс“. Еден коментар ја вознемири целата јавнос: „Копиле ќути зошто ќе одиш и ти кај Саздо”.
Потребно е итно секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство да преземат мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и да ги пронајдат лицата кои ја прикачиле песната на Јутјуб.
Умрете Македонци… Ова не е говор на омраза, ова е уметност. Жалам за вака млада личност што објавува вакво нешто. pic.twitter.com/mRquGxzTT6
— Name (@Makedonija_MKD) September 15, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.