Потсетите на работите кои власта очајно сака да ги заборавите за да донесете вистинска одлука за себе и своето семејство, за иднината која ја сакате и ја заслужувате, повика вечерва од Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски се осврна на ароганцијата на актуелната власт оја за себе вели дека е најдобра, алудирајќи на слоганот „Најдоброто за вашата општина“ на СДСМ.
Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност… стварно се најдобри…
Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а не мрднаа од 2 проценти. Ветуваа просечни плати, странски инвестиции, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа. Ветуваа 600 км автопати низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО што започна да ги гради. Волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не, рече Мицкоски.
На овие избори, рече Мицкоски, народот треба да одлучи дали Македонија ќе стане нормално убаво место за живеење.
Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е земјата од криминал, деканденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е оваа земја од политичари кои не влечат надоле и се грижат за своите паричници. Уморни сме од стратистики како сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црната хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од живот на вересија и рати. Доста е, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.