Славчо Мисајлески од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи реагираше за скандалозната одлука на општина Ѓорче Петров во услови на најголемата криза со која се соочува општината, да додели еднократна парична помош за обнова на Глобал, кој неодамна изгоре во пожар.
„Додека општината тоне во долгови – над еден милион евра создаден долг во последните две години, секојдневно земаме кредити, бројни ветувања остануваат нереализирани, улици со кал, нема канализација, над 400 дечиња на листа на чекање за во градинка, во основните училишта родителите купуваат сапун, граѓани со социјални проблеми, депонии, улици со дупки, новата општинска зграда пропаѓа ние даваме пари за Глобал, за криминалот на Заеви“, Реагира Мисајлески на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.